МИМ
Канал 5 доби награда на граѓанското пштество
Телевизијата Канал 5 е добитник на Годишната медиумска награда на граѓанското општество што Македонскиот институт за медиуми му го доделува на медиумот кој дал најголем придонес за развојот на граѓанското општество во Македонија во 2007 година. Добитници на признанијата во другите категории се „Утрински весник”, за медиум кој дал најголем придонес за промовирање на граѓанскиот сектор на национално ниво, неделникот „Монитор”, за најголем придонес во промовирање на граѓанскиот сектор на локално ниво, како и утринската емисија „Раноден” на А1 телевизија во категоријата програмски појас или емисија во електронските медиуми која најмногу придонесува за зајакнувањето и промовирањето на граѓанскиот сектор. За колумните, дневниот весник „Дневник” доби признание во категоријата рубрика во печатените медиуми која најмногу придонесува за зајакнувањето и промовирањето на граѓанскиот сектор.
МИА
|
|