Проект на ДЕМ-млади “Запознај го твојот сосед”

Дружење и работа во волонтерски кампови на Балканот

Движењето на екологистите на Македо­ни­ја-млади, во рамките на проектот “Запоз­нај го твојот сосед”, ќе организира учество во волонтерските младински кампови, кои летово ќе се одржуваат во нашата земја и во повеќе од 85 земји од светот. Во камповите можат да членуваат сите полнолетни средношколци и студенти, кои го поз­на­ва­ат англискиот јазик и кои имаат желба да се дружат, да се запознаваат со млади од дру­гите држави, да ја проучуваат туѓата кул­тура и обичаи и кои сакаат со својот волонтерски труд да придонесат во создавањето на некое дело. Камповите ќе се одржуваат во текот на целото лето и ќе тра­ат по 2 или три седмици, а во еден камп ќе можат да работат од 15 до 20 млади. Во нив ќе се работи на различни теми и ќе се изучуваат различни области како еко­ло­ги­ја, музика, филм, социјална работа, работа со деца, архитектура и други. Во камповите  младите претпладнето го поминуваат во волонтерска работа, а попладне се слободни. Викендите се користат за екскурзии за запознавање на земјата домаќин, но и за изучување на јазикот, обичаите и кул­турата на домашното население. На Балканот годинава ќе се одржат кампови во Македонија, во Бугарија и во Србија и Црна Гора. Во земјите од целиот свет го­диш­но се одржуваат околу 2.000 кампови.

Во Македонија ќе се одржат три волонтерски кампови, во Дојран на кој ќе се работи на уредување на плажата и е отворен за млади од Југоисточна Европа, на Пелистер, каде ќе се истражуваат флората и фауната и кампот Орбелиус,  отворен за младите од целиот свет. Финансиските средства за смес­­­­тувањето и храната за младите ќе ги обезбеди Младинската мрежа на Југо­ис­точна Европа, а секој учесник самиот си ги плаќа патните трошоци.

“Пријавувањето се врши во Младинскиот цен­тар во Битола и во седиштето на ДЕМ во Скопје. Секој заинтересиран може да се јави на нашите телефони 3220-518 и на 3128-075 или на е-мејлот demmladi@dem.

org.mk. Апликацијата се испраќа до наши­те соработници во стран­ство, кои ги организираат камповите и оттаму се очекува од­говор за учеството на кандидатите. Го­ди­нава ќе се запознаваме со соседите на Балканот, значи нашите млади ќе ги посетат балканските кампови”, вели Цветан Николовски од ДЕМ.    С.Н.