Црвениот крст на Скопје се подготвува за влез во Гинис

Крводарителните акции мобилизираат многу луѓе

Крводарителните акции с$ уште остануваат настани што мобилизираат најголем број крводарители и токму затоа постојано се во агендата на планираните активности на Црвениот крст и неговиот долгогодишен успешен соработник, Републичкиот завод за трансфузиологија.

Последната голема кампања, односно карванот за унапредување  и промовирање на крводарителството во Македонија, ја организира Црвениот крст на Скопје, во текот на март и април, со несебична помош на Космофон. Карванот помина низ седум града, а беа собрани 816 единици крв. Во Скопје, на акцијата на која беа поканети видни личности од политичкиот и дипломатскиот естаблишмент, од бизнис-заедницата, од медиумите, како и актери, спортисти, естрадата и граѓански организации. Во акцијата беа собрани 205 единици крв. Во текот на мај за Гинис е планирано одржување голема 24-часовна крводарителна акција на територијата на целата земја, а од Црвениот крст се надеваат дека акцијата заслужено ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Карванот овозможи  во Тетово да бидат реализирани 30 крвни единици, во Кавадарци 122 единици крв, а во Битола 205 крвни единици. За седум часа, во Охрид крв дарувале 82 лица, 137 единици крв биле собрани во Виница, а 85 во Куманово. Крводарителните акции биле поддржани од локалната самоуправа, од општествениот сектор, од бизнис-заедницата и од медиумски личности. Хуманиот чин на дарување спојува луѓе од повеќе вери и нации и води кон патот на соработка и несебична поддршка секогаш кога е потребна таа.

С.К.