Виолета Ефтимова

Светот е едно големо село, дајте ни да влеземе во него!!!!

Професионално искуство
Наставник по практична настава во Медицинското училиште „Јане Сандански” Штип, кое одлично се вклопува со работата во граѓанскиот сектор и се надополнува.

Ангажирање во граѓански сектор
Во граѓанскиот сектор главно работам на проблемите на заболените од рак и на неговото рано откривање. Во организацијата „Нов живот” во Штип сум координатор на повеќе проекти за откривање на ракот на дојката и грлото на матката кај жената. Активна сум во работата во Центарот за психичка поддршка на заболените веќе 5 години и работам на постигнување нова законска регулатива за скрининг-прегледи на раното откривање, за да ги достигнеме и вредностите на ЕУ.

Хоби и интереси
Одгледувам цвеќе, што многу го сакам, а таа работа ме релаксира.

Најтешка одлука
Како да се продолжи со животот и што да променам по мојата болест (изгледа го најдов вистинскиот пат).

Амбиции
Отворање болница во нашиот град за заболените од рак

Во слободното време чита
Најчесто читам стручна литература и, секако, дневниот печат.

Каде оди во слободното време
Слободно време имам многу малку и се трудам да го надополнам изгубеното со пријателите.

За време на викендите
Најчесто сум со своето семејство и со домашните обврски.

Кој национален/локален проблем го смета за особено важен и зошто?
Нашата рамнодушност за решавање на многу проблеми, па и на проблемите на заболените од рак и нивниот третман.

Кој глобален проблем го смета за особено важен и зошто?
Загадувањето на планетата Земја е причина за појава на повеќе заболувања, па и на ракот.

Што би променил/а во Македонија и во светот?
Свет без граници, а на Македонија, среќен пат кон ЕУ.

Совет/порака
Светот е едно големо село, дајте ни да влеземе во него!!!!

Никогаш не би можел/а
Да не ги сакам луѓето и да не им помагам