Црна Гора

Кампања: Во што е проблемот?

Во рамките на глобалната кампања 16-те дена активизам против насилството врз жените, Црногорското женско лоби од Подгорица се осврна на проблематиката на неприменувањето на законите кои се однесуваат на казнување на чинителите на насилството над жените и децата.

„Никој не ја оспорува работата на правосудните органи, за с$ треба да постојат конкретни докази, но не можеме, а да не се запрашаме, дали тоа практично значи дека цел живот во насилство и потценувања не може да биде докажан доколку за секоја модрица и навреда на жртвите нема хартија со печат”, велат во Женското лоби. Според нив, претходните искуства укажуваат на фактот дека во правосудството често многу повеќе им веруваат на исказите на мажите-наислници, отколку на жените-жртви. Сомнежите во исказите на жртвите на насилство, понижувањата, испитувањато на моралните подобности, се дел од стратегијата на односите на одделни луѓе од правосудниот систем, што на крајот доведува до тоа насилството да не се пријавува, поради односите на недоверба  и омаложување на жртвите и предолгите судски процеси.

Г.Ш.

извор: Онењорлд