Фондовите на Европската Унија
За кои фондови на ЕУ е подобна Македонија?
Во своите односи со Европската Унија, Македонија во моментот има статус на трета земја. Како таква, таа припаѓа на двата статуси кои им дозволуваат на земјите да извлекуваат фондови од институциите земјите-кандидатки на ЕУ, или земјите во развој (т.н. земји АЦП, ОЦТ). Поради тоа, сега Македонија има многу мал пристап до изворите на финансирање на ЕУ и до механизмите достапни за лобирање и застапување на одредени политики на институциите на ЕУ кои влијаат на неа. Македонија е корисник и е подобна за следните програми: КАРДС, ЕИДХР, Лајф трд кантрис (ЛИФЕ-Тхирд цоунтриес), Јутх (Ѕоутх) и ТЕМПУС. Таа е истовремено подобна за фондовите на програмите како ФАРЕ, ИСПА И САПАРД, за турскиот претпристапен фонд и повремено за фондовите на АЛА (Азија и Латинска Америка). Со почетокот на преговорите за пристап и со одобрувањето на новата финансиска рамка на ЕУ за 2007-2013 година, се јавува нова перспектива за отворање претпристапни инструменти и програми за Македонија.
Што претставува КАРДС?
Помошта на заедниците за реконструкција, развој и стабилизација, позната по кратенката програма КАРДС, се формира како еден постратешки пристап кон помошта за земјите во процесот на стабилизација и асоцијација. Оваа помош е фокусирана на реформи и изградба на институции во области како интегрирано управување со границите, демократска стабилизација, градење институции и регионален инфраструктурен развој, неопходни за имплементирање на обврските од Договорот за стабилизација и асоцијација. Долгорочните цели, акциските и финансиските потпирања на програмата КАРДС се детерминирани во регионалните и националните стратешки документи (НСД) и наменети за повеќегодишни индикативни програми (ПИП) за секоја земја од КАРДС поединечно. Според планираното, програмата КАРДС треба да трае од 2002 до 2006 година.
КАРДС е поделена на регионални и национални приоритети. Регионалната програма КАРДС ги вклучува земјите од Западен Балкан, т.е. Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора (вклучително Косово), Македонија и Албанија. Областите на КАРДС поврзани со работата на ГО (граѓанските организации) се: развој на слободни и независни медиуми, враќање на бегалците, особено во овозможување на договорот АРЕА помеѓу Босна и Херцеговина, Хрватска и СЦГ; борбата против трговијата со луѓе, доброто владеење, јавната одговорност и слободата на мислата) и развојот на регионални граѓански активности како што е одржливиот развој.
Најновите програми на КАРДС се: Мрежа до мрежа, Локален развој на граѓанското општество, итн. Програмите на КАРДС за 2004 година (чија имплементација е предвидена за 2005, 2006 година и подоцна) се: Регионалната програма за поддршка на медиумите, семинари и конференции, Програмата за интегрирано управување со границите, Програмата за градење прекуграничи институции, Програмата за соседите 2004-2006 година (интегрирана со Интеррег/ФАРЕ/Тацис).
Националната програма на КАРДС за Македонија првенствено е концентрирана на поддршка на граѓанските организации (ГО) преку демократизација и владеење на правото, што вклучува поддршка на проекти кои имаат за цел подобрување на меѓуетничките односи и поддршка на граѓанското општество. Под КАРДС 2002-2004 доделени се 3 милиони евра за поддршка на проекти во оваа област (вкупно 9 милиони евра). Индикациите за КАРДС 2005-2006 (со оглед на фактот што во моментот ПИП е во финална фаза) се 3 милиони евра за двете години заедно. Важно е да се забележи дека за националната програма на КАРДС секоја година се преговара со Владата, која на крајот е одговорна за идентификување на приоритетите за помошта од Европската комисија. Во тој поглед, трендот во последните неколку години се движи во насока на намалување на финансиите за ГО и зголемување на поддршката на меѓуетнички програми, најзабележително преку обука на малцинствата за влез во јавната служба и поддршка на двојазичната администрација. Сите национални фондови на КАРДС за Македонија се управуваат од страна на Европската агенција за реконструкција (односно, нејзиниот оперативен центар во Скопје). Управувањето со фондовите на КАРДС наменети за царинскиот сектор, како и оние доделени преку регионалните програми, остануваат под централизирана управа во седиштето на Европската комисија во Брисел.
Тања Хафнер Проект-службеник за меѓународни програми во МЦМС
|