3 Мај
Ден на слободата на медиумите
Овој датум е прогласен за меѓународен ден на слободата на медиумите - слобода која е еден од клучните услови за развој на демократијата во сите системи. За жал, се уште сме сведоци на постоење медиуми, дури и во најразвиените светски држави, кои се во функција на промоција на официјалната политика, а не на вистината. Поради тоа, слободата на медиумите е се уште неизвојувана битка, во која неизоставно треба да се вклучи и граѓанскиот сектор. |