Универзитет за мир во Сан Хозе, Костарика

Магистерски студии по родови прашања и градење мир

Катедрата за родови студии и мир при Универзитетот за мир, со гордост ве кани да ги посетите магистерските студии по родови прашања и градење мир. Програмата ќе се одвива во главниот камп на Универзитетот во Сан Хозе, Костарика, од август 2006 година до јули 2007 година. Примарно внимание ќе им се посвети на родовите студии и студиите за мир преку една мултидисциплинарна рамка на следните теми: основен курс за мир и конфликти; родови студии и градење мир; квантитативни и квалитативни истражувачки методи; родова безбедност и градење мир; култури и учење од насилството - кон изградба на мир; човековите права пред и по конфликт; родовите односи за време на операции за зачувување на мирот и хуманитарна помош; родовите и ненасилна трансформација на конфликт; родова анализа на животната средина и одржливиот развој и мировни процеси - анализа, разрешување и трансформација на конфликт.

Поради меѓународната природа на програмата, таа ќе се одвива на англиски јазик. За повеќе информации и пријавување преку интернет, посете ја веб-страницата на UPEACE.