Свет по мерка на животните - да, се разбира!
Но, дали е таков и за луѓето?
На 1 декември 2005 година Континентал ерлајнс (Цонтинентал Аирлинес) ја пренесе Емили назад во својот дом во Еплтон, Висконсин, САД. Емили патуваше во првата класа од Париз до Њујорк, а потоа продолжи кон средниот запад, придружувана од страна на специјализиран стјуарт.
Емили е мачка којашто исчезна од својот дом во Висконсин во септември 2005 година и се појави во Франција. Мачката од средниот запад наводно заталкала во центарот за дистрибуција на хартија и била транспортирана заедно со хартијата во Европа.
По речиси цел месец, неколку вчудоневидени работници ја пронашле Емили во компанијата за ламинат во Ненси, Франција. Француските работници дознале кои се сопствениците на Емили од нејзиното каивче со податоци.
“Континентал ерлајнс е надалеку прочуена со својата програма за безбедност на миленичињата при транспорт, така што бевме сигурни дека на Емили ќе & обезбедиме најдобри патни услови и ќе ја вратиме на нејзиното семејство брзо и удобно”, изјави портпаролот на компанијата. “Среќни сме што ќе ја вратиме Емили во Еплтон каде ќе може да ужива за празниците во својот дом.”
Приказната за Емили беше прикажана на многу телевизиски канали. Јас лично ја следев и ја видов Емили седната во својата фина, топла кошница, во придружба на стјуарт како се враќа дома во САД.
На 26 јануари 2006 г. ќе се води случај во Европскиот суд за човековите права во Стразбур против белгиските власти. Неколку организации за човекови права ги тужат властите од Белгија за шокантниот инцидент којшто се случи во 2002 година. Во август таа година, едно петгодишно девојче по име Табита Мубиланцила од Демократската Република Конго (ДРК) ја поминувала белгиската граница со својот вујко. Вујко &, кој имал постојана дозвола за престој во Холандија, ја повел Табита со себе за да ја однесе подоцна кај мајка &, која, пак, имала статус на политички бегалец во Канада. На вујкото на Табита му било дозволено да влезе во Белгија бидејќи поседувал исправни документи, но не и на Табита, која ја уапсиле на аеродромот. По таа случка, на Табита & бил назначен адвокат, а вујко & се пријавил за азил во нејзино име, бидејќи тоа бил единствен начин да се избегне итно враќање под присила. Иако мајката на Табита имала признаен статус на политички бегалец во Канада, властите во Белгија не го признавале нејзиниот статус во случајот со Табита. По нивната одлука, Генералниот комесаријат за бегалци (независна канцеларија којашто гарантира за статусот на политички бегалец во Белгија) потсетил на фактот дека мајката се наоѓала во Канада; било побарано обединување на семејството и во случајот морало да се примени Конвенцијата на ОН за права на детето.
Адвокатот и неколку социјални служби предложиле некаква алтернативна грижа за детето, во семејство коешто би ја посвоило или во специјализиран центар за згрижување деца во текот на периодот потребен да се организира повторното обединување на семејството (Табита со мајка си). Меѓутоа, и покрај сево ова, властите не & дозволиле на Табита да влезе во државата и таа била задржана во еден притвор на границата, со непознати возрасни лица и без соодветна грижа којашто е потребна за некој толку млад како неа. Канцеларијата на УНХЦР во Брисел се распрашала во ДРК и во Канада; во нивниот заклучок тие го подвлекле фактот дека не постоел возрасен човек способен да се грижи за детето во ДРК, а и дека канадските власти прифатиле да го разгледаат и анализираат барањето за повторно обединување на ќерката и мајката во најкраток рок. Така, УНХЦР и официјално ја замолиле Владата на Белгија да му дозволи на малото девојче да остане во Белгија онолку колку е потребно за да се обедини семејството. На суд, адвокатот на девојчето замолил тоа да биде ослободено. На 16 октомври, судијата донел одлука девојчето веднаш да се ослободи. Во својата одлука судијата јасно нагласил дека “оваа ситуација не е во согласност со членовите 3.1 и 3.2 од Конвенцијата за правата на детето”. Во оваа фаза, веќе биле поминати два месеци од задржувањето на Табита. Но, и покрај одлуката на судот, уште следниот ден (17 октомври), белгиските власти ја депортирале Табита во Киншаса.
Владата на Белгија сметала дека тие ја почитувале одлуката на судот при нејзиното враќање во родната земја, бидејќи таму таа е слободна!
|