Бидете подготвени

Одредени проблеми може да ги решаваме одделно, но за некои од нив навистина е потребно заедничко делување во регионот

Ситуацијата во регионот во однос на граѓанскиот сектор во д­р­жа­вите може да се подобри само со правење мрежа меѓу гра­ѓа­нските организации и со заедничко дејствување во го­ле­ми про­­екти во регионот, кои ќе имаат за цел негова обнова и раз­вој. Интересно е дека во изминатиов период во Македонија се реализираа безброј проекти кои навистина помогнаа во развој на граѓанското општество, иако сметам дека с$ уште се по­требни активности кои би требало да придонесат за уште по­го­лем развој. Моето искуство во изминатиот период покажа дека од­редени проблеми може да ги решаваме одделно, но за некои  од нив  навистина е потребно заедничко дејствување во ре­ги­о­нот, а во овој контекст, како пример би го напоменал мировното образование за кое е потребно дејствување во целиот регион, до­колку сакаме подобри резултати. Токму организацијата од која доаѓам - Сојуз на извидниците на Македонија во изминатите три години реализира проект  во партнерство со националните со­јузи на извидници од Србија и Црна Гора и од Босна и Хер­це­го­вина, а целиот проект беше поддржан од страна на Сојузот на извидниците и извидничките на Франција, Европскиот извид­нич­ки регион, главен финансиер или донатор на овој проект е Министерството за надворешни работи на Франција. Проектот кој беше наречен МОБА (МОБА - народен обичај кога соседите нај­често момчиња и девојки, помагаат некому бесплатно или со вза­емно возвраќање во поголемите селски работи) имаше за цел да придонесе во развој на регионот, нудејќи квалитетна про­гра­ма насочена кон младите, потпирајќи се на искуството на националните извид­нич­ки организации кои како граѓански ор­ганизации дејствуваат на локално ни­во, преку широка мрежа на волонтери. Во самиот проект беа поставени три об­лас­ти на дејствување: проширување на соработката и регионалните активности, зајакнување на учесниците во проектот, локални проекти, а во рамките на тие об­ла­с­ти беа развиени три клучни теми на дејствување: мировно образование, образование за демократија и изградба на граѓанско општество и младинска по­ли­тика. Во овој проект, еден голем број млади луѓе од извидничката органи­за­ци­ја и од други граѓански организации учес­­­тву­ваа на голем број семинари и обу­ки кои се организираа во изминативе три години, а сите тие собири придонесоа за развивање една заедничка мрежа за соработка и размена на искуства и идеи. Да не заборавам да напоменам дека токму МОБА финансира одреден број локални проекти, а  дел од нив беа врз база на партнерство на организациите учеснички во  проектот. МОБА ја содржи програмата за млади која навистина е многу зна­чај­на и беше потрошено доволно вре­ме околу правење анализи за потре­би­те на младите луѓе денес во регионот, а беше понудено и јакнење на организациите. Се обучија доволен број во­лон­тери кои во иднина би требало да ја реализараат програмата намената за младите. Сојузот во иднина, заедно со горенаведените национални сојузи, ќе продолжи да биде партнер на вак­ви проекти, а веќе е во план реали­зи­ра­ње сличен проект, најверојатно на уште погелемо ниво со  вклучување и на други земји од регионот (Албанија, Бугарија, Хрватска и Романија).

За ваквото дејствување на извидничката организација во Маке­до­нија и во светот би сакал да напоменам дека виновник е на­ши­от основач лорд Роберт Баден Пауел кој го започнал  извид­ни­ч­кото движење и можеби ја направил најголемата мирољу­би­ва организација во светот која во моментот брои 28 милиони извидници кои дејствуваат во 216 земји. Овој господин навистина заслужува голема почит, бидејќи огромната бројка млади луѓе кој го следат неговиот пат, се доказ за тоа. Токму во негова чест, по повод неговиот роденден, на 22 февруари секоја година, сите извидници во светот го прославуваат Светскиот ден на извидниците или како што ние го нарекуваме “Денот на се­ќа­ва­ње”. Би сакал да споделам дел од последната порака на овој го­лем човек: “Потрудете се да го оставите овој свет малку подобар од она што го најдовте и кога ќе дојде вашиот ред да го напуштите, можете да го напуштите среќно, со чувство дека во ниеден момент не го потрошивте своето време, дека  го дадовте најдоброто од вас”.

Токму овој дел од последната порака на лорд Роберт Баден Пауел ги води сите извидници во животот. Доколку сите директни учесници во граѓанскиот сектор  и сите оние кои не се дел од тоа, навистина се потрудат да го остават овој свет барем малку подобар , преку нашите активности, верувајте дека иднината на сите млади луѓе ќе биде подобра и посветла.

Мотото на извидниците е “Бидете подготвени”. Ние извидниците сме секогаш подготвени, а вие?

Никола Здравеск

(авторот е генерален секретар на Сојузот на извидницити на Македонија)