7 април

Соработка меѓу Парламентот и НВО

Националниот демократски институт за меѓународни работи - НДИ и Граѓанската асоцијација "Мост" организираат Конференција на тема "Зајакнување на соработката меѓу парламентот и НВО-и", што ќе се одржи во Скопје на 7 април. Главна цел е да се отвори дијалог во врска со начините за подобрување на комуникацијата помеѓу НВО секторот и Парламентот и за предностите за поактивна соработка меѓу нив.