ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИТЕ - СТРУГА

Македонско-албански етно средби

Организацијата на жените од Струга изминатите девет месеци работеше на проектот „Етнологија вчера, денес и утре”, финансиран од Фондацијата ПХАРЕ - Цредо. Проектот, во соработка со органи­зацијата „Дружба Преспа” од Поградец, Албанија, имаше за цел развивање и популаризирање на добрите меѓусоседски односи, запознавање со народните обичаи, етнолошкото богатство и традиции, се одвиваше преку меѓусебни средби од двете страни на македо­нско-албанската граница.