Граѓанско-советодавни центри
Покренати судски постапки за остварување на правата на маргинализираните групиХуманитарното и добротворно здружение на Ромите „Месечина” од Гостивар е граѓанската организација каде што се наоѓа главната канцеларија и координаторот на програмата „Граѓанско-советодавни центри” (ГСЦ), Мухамед Точи. Програмата “Граѓанско-советодавни центри” се одвива на повеќе од 95% од територијата на Република Македонија, со поддршка на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и на Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ). Советодавните центри се наоѓаат во Скопје, во Делчево, во Штип, во Прилеп, во Куманово, со главна канцеларија во Гостивар, а програмата се однесува на проблемите и остварувањето на човековите права кај маргинализираните групи, посебно кај ромската популација. |  |
|