календар
30 ЈУНИ - 1 ЈУЛИ: Музеите и едукацијата
Во организација на Фондацијата Институт отворено општество - Македонија, во Музејот на современа уметност во Скопје се одржува семинар за едукативните програми и искуства на музеите во Македонија и во Велика Британија. На семинарот присуствува г. Мартин Ватс, експерт од Велика Британија.
8 - 10 јули: Ковачите од Берово во Скопје
Во Културниот центар Точка во Скопје ќе се претстават ковачите од Берово. Тие ќе ја презентираат својата традиционална вештина и производите изработени рачно, од ковано железо. Дел од нив се работени според дизајнот на уменицата Славица Јанешлиева. Проектот на ковачите е дел од програмата Живо наследство на Фондацијата Институт отворено општество - Македонија.
11 јули: Ден на светската популација
Во очекување годинава да се роди 6,5 милијардитиот жител на планетата, на Меѓународниот ден на светската популација ООН предупредува на демографската експлозија како закана за човештвото, особено кога е поврзана со проблемите како сиромаштијата, преголемата урбанизација, недостатокот и деградацијата на природните ресурси, а пред с$ водата за пиење.
28 август: Ден на рударите
На овој ден, рударскиот еснаф го прославува својот ден. Рударската професија, една од најризичните, а истовремено една од најмалку платените од светот, има потреба од унпаредување. Безбедносните мерки и мерките за заштита на здравјето во работните услови се клучни барања на рударите, било да се работи на ископи под земја или на нафтените платформи во океаните.
1-3 август: Комуникација во ризични услови
Во Мастрихт, во организација на Меѓународниот новинарски центар и Летниот универзитет Амстердам-Мастрихт, ќе се одржи семинар на тема “Комуникација во ризични услови: предизвик на проширената Европа”. Пријавувањето е преку www.ejc.nl.
|