ЦИРа - Центар за институционален развој
Локалниот персонал на ИТЗ го основа СРЦе
Центарот за институционален развој (ЦИРа) е независна, невладина организација, основана од локалниот персонал на Институтот за трајни заедници (ИТЗ). Одлуката за формирање на ЦИРа е донесена во септември 2003 година. Претходно, во периодот од 1995 година, кога беше формирана канцеларијата на ИТЗ во Македонија, до 2004 година ИТЗ ја имплементираше Програмата за демократска соработка, која финансиски беше поддржана од Американската агенција за меѓународен развој УСАИД (УСАИД). Во тој период беа обезбедени грантови за повеќе од 350 граѓански организации и финансиски беа поддржани 317 проекти имплементирани во различни области.
Во остварувањето на својата мисија, ЦИРа се стреми преку учеството во јавноста, застапувањето, промовирањето иницијативи за развој на заедниците и преку зајакнувањето на капацитетите, улогата и соработката меѓу здруженијата на граѓани и други групи на интерес. Персоналот на ЦИРа има дизајнирано, организирано и испорачано голем број обуки и консалтинг-услуги на различни програми за развој во Македонија, но и на просторот на југоисточна Европа. Со 25-те модули за обуки коишто ги нуди ЦИРа се опфатени сите аспекти на добро менаџирање и раководење на секој ентитет - здруженија на граѓани, владини институции, приватни бизнис-компании и индивидуалци.
Извршниот директор на ЦИРа, Зоран Стојковски, н$ упати на дел од проектите на коишто работат во овој период, а тоа се Програмата на УСАИД за јакнење на капацитетите на ромските НВО и ромската деловна заедница, програмата со донации од ОБСЕ - Волонтери во акција - промовирање на волонтеризмот во локалните заедници. На Саемот на НВО, ЦИРа го промовира Скопскиот ресурсен центар (СРЦе). СРЦе е локација во центарот на градот и во суштина е функционална и целосно опремена просторија за обуки и конференции, која може да прими до 25 учесници.
|