Искра Стојковска
“Ма, каква екологија?! Имаме ние многу поважни теми!”
Ова е став со кој се соочувам секојдневно. Кога ќе го прашам мојот соговорник „кои се тие поважни теми?” првиот одговор, без исклучок, е: „економскиот развој”.
Кога добив покана да ги напишам моите „погледи”, размислував околу темата „што е она што најмногу ’ме боли’”. Се разбира, има повеќе работи, но сепак, најмногу ме боли односот на јавноста кон темата со која се занимава мојата организација – екологијата, не само како еколошки активист, можеби уште повеќе како родител. Има повеќе „агли” низ кои може да се разгледува важноста на екологијата. Решив да го земам економскиот, токму поради горенаведениот став и „масовната хипноза” со темите за економски развој, странски инвестиции и слично.
Додека развиениот свет најпосле ја увиде повеќедецениската „грешка во процена” на која се темелеше економијата од минатиот век, а која во голема мера го доведе целиот свет до работ на пропаста (драстично намалување на природните ресурси, климатски промени и сл.), ние ја пропуштаме неверојатната шанса за економски развој којашто ја отвора промената на глобалниот пазар. “Хисторѕ њилл теацх ус нотхинг” - пее Стинг.
Ако ги разгледаме глобалните движења низ историјата, центрите на моќ и доминантните империи, многу јасно се гледа основната движечка сила. Без исклучок „главните светски играчи” се оние кои поседуваат и/или имаат контрола врз она што се бара на пазарот. Во 19-тиот век најголема и највлијателна империја е британската, а најбарани „добра” се златото, јагленот, дрвената граѓа, челикот и оружјето. Во 20-тиот тоа се САД. Зошто? Затоа што имаат контрола и ги поседуваат најбараните продукти на пазарот: нафта, микрочипови, авиони, оружје, филмови. (Анализата може да ја најдете во Тајм милениум (Тиме Миллениум, Цоллетор’с Едитион 31.12.1999).
„Назад во иднината” (Бацк то тхе футуре): минатото лето бев на одмор во Јапонија. Велат, ако сакате да видите како ќе изгледа иднината, не ви треба временска машина – одете во Јапонија. Во Музејот на науката и иновациите, во најпрогресивната метропола (Токио), на најпрогресивната земја во светот, на екологијата $ е посветен цел спрат, а материјалот кој се промовира како ултимативен материјал на иднината е – конопот. Наравоучение: она што сега најмногу се бара на пазарот (а во иднина несомнено таа побарувачка ќе расте) е природата.
Нема област во која овој тренд не е повеќе од очигледен: обновливи извори на енергија во енергетиката, органско земјоделије во прехранбената индустрија, екотуризам, сертифицирани шуми... А ние сметаме дека „економскиот развој е далеку поважен од екологијата”. Денешната економија е многу тесно поврзана со екологијата, идната ќе биде незамислива без неа! Во моментов се наоѓаме во многу важен период и од патот кој ќе го избереме во голема мера зависи дали ќе го продлабочиме јазот меѓу нас и развиениот свет или ќе ја сфатиме ретката можност која ни се отвора и ќе направиме голем скок во приближувањето кон него. Поговорката вели: „Секое лошо, за некое добро”. Долгиот период на транзиција и затворањето на голем број индустриски капацитети & нанесе голема штета на економијата, но токму тоа може да биде основа за економски развој во вистински правец – зелен.
Еден од првите проекти на новиот британски премиер Гордон Браун е проектот „Еден милион зелени работни места”. „Алијансата за работа и животна средина” во Германија ги здружи силите со синдикатите, работодавачите, владата и еколошките организации и започна програма за подобрување на изолацијата во постоечките градби. Досега проектот е спроведен во 265.000 домови. Истиот отворил 190.000 нови работни места, заштедил емисија на 2 милиони тони ЦО2 и драстично ги намалил сметките на домаќинствата за греење. Крајната добивка од намалената невработеност, намалените трошоци за греење и зголемените приходи од даноци се околу 4 милијарди долари. Инвестицијата на владата била 1,8 милијарди долари. Развиените не се развиени без причина.
Македонија има неповторлива шанса да стане богата „зелена оаза” во Европа. Првиот чекор е да се смени потценувачкиот однос кон значењето на екологијата.
|
|