КАЛЕНДАР

11 јули

МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА СВЕТСКАТА ПОПУЛАЦИЈА: Ден на сите луѓе на светот

Овој датум традиционално се прославува како Ден на светската популација, прогласен од ООН. Тоа е ден посветен на сите луѓе на светот, но истовремено и повод да се дискутира на проблемите со кои се судрува популацијата на нашата планета: демографскиот „бум”, проблемот со обезбедување храна и вода за пиење, сиромаштијата...
Многу од овие проблеми се за жал реалност на поголемиот дел на државите од светот, а со повеќето од нив се соочува и нашата држава. Овој датум е можност да се вклучат и невладините организации од Македонија во активностите што значат придонес кон подобрата иднина на човештвото на планетата Земја.