Јубилеј
10 години на Центарот за ромска заедница
Десетгодишен јубилеј во декември прослави Центарот за ромска заедница Дром од Куманово. Во својот град, но и во целата земја, Дром е познат по своите активности за вклучување на Ромите во општествениот живот.
Оваа ромска организација во текот на деценијата од своето работење спроведе повеќе проекти, пред с$ од областа на здравството и образованието, како и домувањето, социјалната заштита и подобрувањето на инфраструктурата. Невладината организација досега реализира десетици проекти. Дром работи на подигнувањето на свеста кај ромското население за помасовно вклучување на децата од ромска националност во предучилишната настава, а потоа и во основното и во средното, па и во високото образование. Фондот на книги за учениците средношколци кои не добиваат стипендија е една од формите на поддршката што ја обезбедува здружението Дром. Во Куманово, Дром интензивно работеше на поправката на живеалиштата на Ромите и дислокација на живеалиштата онаму каде што условите беа особено лоши. Во областа на здравството, спроведе проект за вакцинирање на ромските деца и реализира обуки за здравствено образование на Ромите.
Еден од позначајните успеси што ги има постигнато ова здружение е наградата за освоеното второ место, во рамките нз програмата за изготвување на акциските планови за развој на Ромите, што им ја додели Европската комисија.
М.И.
|
|