Европска комисија

Олеснување на визниот режим помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан

„Го поздравуваме одобрувањето од страна на Советот на мандатите, со кое Комисијата може да преговара со Зедницата за олеснување на визниот режим и за договорите за реадмисија со Албанија, со БиХ, со Македонија, со Црна Гора и со Србија. Овој чекор е одраз на обврската од страна на ЕУ да ги промовира контактите „човек на човек” помеѓу неа и земјите од Западен Балкан” – рекоа заменик-претседателот и комесар за правда, слобода и безбедност, Франко Фатини и комесарот на ЕУ за проширување, Оли Рен. Севкупната цел на договорите е да им се олесни на граѓаните од земјите на Западен Балкан, особено на оние кои често патуваат, да се стекнат со виза за ЕУ, додека истовремено да постојат јасни правила за борба против нелегалната имиграција. Олеснувањето на визниот режим би требало да ги поттикне граѓаните на Западен Балкан да имплементираат релевантни реформи и да ја засилат нивната меѓусебна соработка на регионално ниво и онаа со ЕУ, особено на полињата како што се зајакнување на владеењето на правото, борба против организираниот криминал и корупцијата и зголемување на капацитетот на администрацијата за контрола на границите и безбедност на документите со воведување биометрички податоци. Комисијата ќе се обиде да ги заклучи преговорите што е можно побргу, најдоцна до крајот на јуни 2007 година. За повеќе информации, посетете ја страницата Еуропеан Цоммиссион ДГ Енларгемент.

Ш.З./В.Ќ.