Македонски центар за меѓународна соработка

Серија публикации за подобра локална самоуправа

 

Македонскиот центар за меѓуна­родна соработка (МЦМС) го под­држа публикувањето серија публикации, со цел да придонесе кон развојот и надградувањето на капацитетите на локалната самоуп­рава и месните/урбаните заедници во Македонија, а имајќи го предвид значењето на целиот процес на децентрализација што се одвива во моментот. Серијата ја опфаќа книгата “Нов јавен менаџмент” и петте прирачници - “Како до ефективна локална самоуправа: Децентрализацијата наша цел”, “Како да комуницираш, преговараш и одлучуваш за да бидеш лидер”, “Граѓанска партиципација”, “Комуникација помеѓу локалната самоуправа и граѓаните” и “Како до добра управа и менаџмент на проекти”.

Овие публикации се наменети за локалните функционери и служ­беници, институции и организации коишто работат на полето на успешната реорганизација на локалната самоуправа, како и за обичните граѓани коишто се активни чинители во своите заедници. Публикациите треба да ја подобрат информираноста на општините и заедниците за начините како успешно да се спроведе процесот на децентрализација и да се изгради ефективна локална самоуправа во Република Македонија.