ИОМ - Тирана

Албанија: отворен нов центар против трговија со луѓе во Тирана


Жртвите на трговија со луѓе ќе може да најдат заштита и помош во новиот центар против трговија со луѓе во Тирана. Центарот се обврзаа да го одржуваат Министерството за социјална работа и Министерството за јавен ред, во соработка со Интернационалната организација за миграции (ИОМ).

Трите инситуции неодамна потпишаа договор со кој се дефинираат нивните надлежности. Жените и девојчињата што биле натерани да се проституираат во Албанија или биле репатриирани од други земји ќе можат да останат во Центарот во период со траење од една недела до три месеци. Неговите две згради имаат капацитет да се сместат до 100 лица.

Покрај нудењето на нега и услуги, Центарот исто така треба да работи на повторно поврзување на бившите робинки со нивните семејства или на нивно враќање во земјите од кои што дошле. Се предвидуваат и јавни кампањи за подигање на свеста за трговијата со луѓе.

Одделот на ИОМ што работи во Албанија неодамна организираше медиумска кампања, која опфаќаше песна и видео спот, со кои сакаа да ги направат луѓето свесни за ризиците и маките. ИОМ исто така пружа помош на жртвите.
 

Контакт со ИОМ-Тирана може да воспоставите преку нивниот сајт  www.iomtirana.org.al, односно имејлот iomtirana@iomtirana.org.al.

(Aprodev)