Европска комисија
КАРДС ќе стане претпристапен инструмент
На 14 јули годинава Европската комисија усвои соопштение во кое го претставува идното управување со надворешните акциски фондови, меѓу кои и програмата КАРДС. Со новиот изглед, сегашниот систем од 30 инструменти ќе се преобликува во 6 големи инструменти, од кои три се од “географска природа”, додека останатите имаат за цел да бидат одговор на кризата. Трите географски инструменти всушност одговараат на три концентрични кругови коишто ги претставуваат земјите од потенцијалните идни членови на Унијата (претпристапување), соседите (политиката за соседите) и сите други (развојна и економска соработка).
Во новата перспектива, програмата КАРДС којашто ги покрива земјите од Западен Балкан (вклучително и Македонија) припаѓа на новиот инструмент за претпристапување (ИПА) заедно со веќе воспоставените финансиски механизми за претпристапување, како ФАРЕ, ИСПА и САПАРД. Усвојувањето на Финансиските перспективи е законодавен процес што треба да заврши во јуни 2005 г. со договор помеѓу институците на ЕУ.
Т. Х.
|