искуства од регионотж

Меѓународни волонтерски кампови - како, каде и зошто...

Секој волонтерски ангажман е вреден и посебен, бидејќи & носи нешто на заедницата во која се одвива тој

Започна “сезоната” на пријави за меѓу­на­род­ните волонтерски кампови. Земајќи го предвид ова, Волонтерскиот центар од Загреб, овие денови организира бројни пре­зентации  за да ги информира потен­ци­јалните волонтери за можностите кои постојат. Собрани на презентациите, мла­ди­те луѓе се обидуваа да слушнат како можат да волонтираат, односно кои ра­бо­ти се нудат, каде да одат, како да се при­ја­ват, што да очекуваат... Како и во изми­на­ти­те години,  забележавме дека најмногу заинтересирани има за одење во топлите краеви, на брегот на Мексико, во малите градови на Порту­га­ли­ја и на Шпанија, во дворците на Франција... Един­стве­н­о­то прашање кое не беше поставено на ниту една пре­зен­та­ци­ја беше: Зошто воопшто да волонтираат? Тоа прашање се пос­та­вува често кога ќе излезете на улица, кога разговарате со луѓето кои не доаѓаат на пре­зен­та­ци­ите, кои не ги интересира претераниот граѓански ангажман; па потоа чудно ве погледнуваат, ќе ја искриват долната усна и од висина прашуваат: “Па добро, што те тера да работиш за ништо?”. На тоа прашање е доста тешко да се даде одговор што ќе го задоволи соговорникот, тој нема да биде воодушевен со одговорот кој може да гласи вака: “волонтирам бидејќи имам потреба да направам нешто за заедницата (било во својата локална или во таа во која одам на кампот) и нешто за себе... Бидејќи по враќањето дома од кампот знам дека е направено нешто конкретно: дека се обновени детски игра­лиш­та, исчистени се бреговите на реките или нешто слич­но. Се враќам со нови искуства, се враќам од патување - од земја која можеби никогаш не би ја видел или видела да не одев да волонтирам”. И во тоа е вистинската работа. Кога ќе се собере екипата вклу­че­на во работата на Волонтерскиот центар - тие, веројатно, за­едно би собрале доволно километри за пат до Месечината. А тоа не е мала работа.

Секој волонтерски ангажман е вреден и посебен, бидејќи & носи нешто на заедницата во која се одвива тој, бидејќи са­ми­от волонтер или волонтерката имаат можност да дадат неш­­то од своето знаење за општото добр’ кое често толку лесно се остава настрана. Лицето кое волонтира добива значајно искуство во работата што ја избрало, му се нудат можности на патувања и запознавање со народите и кул­ту­ри­те кои не ги познава, а би сакал да ги запознае. Дол­го­роч­но­то волонтирање е голема можност за првите самостојни чекори - далеку од градот и јазикот кој го познаваме, да­ле­ку од мама која готви и продавницата во која купуваме се­кој ден. Тоа е можност за запознавање со себеси, надвор од контекстот во кој се наоѓаме секојдневно.

Во секој случај, по промотивните активности кои ги орга­ни­зи­ра Волонтерскиот центар Загреб, уште некои луѓе дознале за волонтерството и можностите што ги нуди. Тоа за нас е начин на кој го поминуваме слободното време (со тоа да на­пра­виме нешто паметно), начин на кој работиме на себеси, стануваме покомпетентни, поискусни;  начин на кој & помагаме на заедницата и луѓето кои живеат во неа; начин кој ни нуди можност да патуваме и да ги искусиме новите земји, новите луѓе, новите вкусови и мириси.

Секоја година во Хрватска бројот на пријавените кампови е с$ поголем. Волонтерите и волонтерките одат да го поминат летото на малку поинаков начин. Се враќаат потоа спонтано во Волонтерскиот центар, некаде таму во септември, за да ни раскажат каде биле и како поминале. Ни раскажуваат за авантурите од патувањата и ужасните комарци кои опер­и­ра­ат по некои предели на Европа. На мејлот од канцеларијата ни пристигнуваат фотографии на кои се гледа како се ра­боти, некои илустрираат излет, некои раскажуваат за слободното време. Други фотографии едноставно се “зале­дени”; момент - заоѓање на сонцето на некој остров од Медитеранот, лица на деца во Неапол или улични трговци во Индија.

Какви фотографии ќе имате Вие во “Лето 2005” зависи од вас, бидејќи можностите се бројни. Можете да спасувате жел­ки на бреговите на Мексико, кои веднаш по изле­гу­ва­ње­то од гнездото стануваат плен на грабливците; можете да ги учите децата англиски некаде на северот на Африка; да ги реставрирате замоците во Франција или да градите детски игралишта во некое подрачје погодено со војна.  На тие на кои ќе им помогнете ќе знаат да го ценат тоа.

И тоа е тоа што во волонтерството е незаменливо, чувството дека некому секојдневието сте му го направиле поубаво, полес­но и посреќно.

Ива Вукушиќ