ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА
Средби меѓу граѓаните и пратениците од ИЕ 1
Во општината Кисела Вода почна да работи Канцеларија за комуникација меѓу граѓаните и парламентарците кои беа кандидати во изборната единица 1 – г. Зоран Шапуриќ, г. Игор Ивановски, г-ѓа Каролина Ристова и г-ѓа Благородна Мингова-Крепиева.
Пратениците ќе одговараат на прашањата на граѓаните секој понеделник од 12 до 17 часот, а граѓаните, како и невладините организации и асоцијации можат да се обратат до канцеларијата и на телефоните 02/779-069 и 02/779-073, на кои се закажуваат средбите со пратениците.
Оваа канцеларија е отворена по иницијатива на градоначалникот на општината Кисела Вода, г. Љупчо Димов, а целта е да се подобри не само комуникацијата на граѓаните и пратениците, туку и работата на локалната самоуправа.
М.И.
|