Годишен извештај на Амнести интернационал
Политичкото лицемерие го разгорува жарот на конфликтите во светот
Амнести интернационал го издаде својот нов извештај за состојбата со човековите права во светот. Извештајот, во кој се опфатени 149 земји, го истакнува неуспехот на националните влади и меѓународните организации да се справат со прекршувањето на човековите права и повикува на поголема меѓународна одговорност. Извештајот ги наведува следните “достигнувања” во 2004-тата година: продолжување на економските интереси, политичко лицемерие и општествена дискриминација која го разгорува жарот на конфликтите во светот; “војната против тероризмот” која се покажа поефикасна во поткопување на меѓународните принципи на човекови права, отколку во спротивставување на меѓународниот “тероризам”; милиони жени кои се соочуваат со насилство на полова основа во домовите, во заедницата, или пак во военте зони каде економските, социјалните и културните права на маргинализираните заедници се игнорираат или се речиси целосно запоставени. Во извештајот исто се истакнуваат можностите за позитивни промени кои се појавија во 2004 година, често пати предводени од активистите за човекови права и припадниците на граѓанското општество. С$ посилни беа барањата за реформи на машинеријата на ОН за човекови права, како и кампањите за поголема одговорност на корпорациите, за зајакнување на меѓународната правда, контрола врз трговијата со оружје и запирање на насилството врз жените. Целосниот извештај е достапен на веб-страницата: www.amnesty.org.
Т.Х.
|
Словенија
Словенечката Платформа на НГДО на интернет
Словенечката Платформа НГДО СЛОГА (Словенечка глобална акција) неодамна ја лансира својата веб-страница. Посетете ја: http://www.slogaplatform.org/ и дознајте повеќе за основањето на словенечката мрежа на НГДО за 2004 година, за главните предизвици за 2005 г., како и за линковите на членките на НГДО. За повеќе информации контактирајте со словенечката платформа на: coordinator@slogaplatform.org.
Т.Х.
|
На патот кон ЕУ
На 13 јули - разговор со Оли Рен
Дали саката да дознаете повеќе за можностите и предизвиците на Албанија, на Хрватска, на Босна и Херцеговина, на Македонија, на Србија и Црна Гора вклучително и Косово под администрација на ОН, во врска со нивните напори на патот кон Европската Унија? Тогаш, подгответе ги вашите прашања за Оли Рен, член на Европската комисија, кој е наедно оговорен за проширувањето и кој ги кани младите луѓе од земјите од регионот на Западен Балкан, како и сите заинтересирани за перспективите на регионот кон Европа, на веб-разговор, во среда, 13 јули 2005 г. Линиите на англиски, на албански, на босански, на хрватски, на српски, на македонски и на фински јазик ќе бидат отворени од 16:00 до 17:15 по централно европско време. Прашањате може да се испраќаат (и однапред) на: Chat-Rehn@cec.eu.int. За повеќе корисни информации околу начините на кои може да се учествува во разговорот, посетете ја страницата http://europa.eu.int/comm/chat/instructions/index_en.htm.
Т.Х.
|
Коментар на рамковната конвенција на Советот на Европа
Заштита на националните малцинства
Правата на малцинствата стануваат с$ поважни особено во контекст на проширувањето на Европската Унија. Постојат неколку договори за правата на малцинствата според меѓународните закони. Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцинства е една од нив. Така, публикацијата “Правата на малцинствата: Коментар на Европската рамковна конвенција за заштита на националните малцинства”, нуди прв експертски коментар на Конвенцијата, која е главен меѓународен документ што ги заснова правата на малцинствата на законски начин. Овој коментар, подготвен од страна на Марк Велер, претставува детална анализа на Конвенцијата (член по член) извршена од група меѓународни експерти по право на малцинствата. За повеќе информации во врска со книгата, погледнете го каталогот од библиотеката на ЕЦМИ на http://ecmidb.dimast-services.de.
Т.Х.
|
|