ВОВЕД
Пронаоѓање на патот, заедно
По избувнувањето на насилните судири во Македонија, месец март беше одбележан како „месец на мировни пораки”. Институтот за отворено општество, Нансен дијалог центарот, СОЖМ, МЦМС и најголем број граѓански организации се огласија и согласија дека сакаат мир и ненасилство, меѓусебно почитување и демократско решавање на сите проблеми.