3 Форум на граѓанското општество во Македонија
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во соработка со Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) и Институтот за трајни заедници (ИТЗ), имаат чест да ве информираат за НВО Саемот – 3 форум на граѓанското општество во Македонија.
НВО Саемот – 3 форум на граѓанското општество во Македонија ќе се одржи од 20 до 22 ноември 2003 година во Скопскиот саем. На истиот можат да учествуваат:
- здруженија на граѓани и фондации, регистрирани во Македонија (домашни и странски);
- домашни агенции и странски и меѓународни организации.
На НВО Саемот – 3 форум на граѓанското општество во Македонија ќе бидат поканети и гости од соседните земји.
На НВО Саемот – 3 форум на граѓанското општество во Македонија ќе бидат одржани форумски расправи и едукативни сесии на теми значајни за граѓанскиот сектор и општеството, воопшто.
Форумскиот дел ќе се состои од отворени јавни дебати (панели, тркалезни маси) на кои ќе се дискутира за повеќе прашања, од кои неколку ќе бидат носечки теми коишто го засегаат целиот сектор, но и општата јавност. Носечките теми за дискусија ќе ги определи Програмскиот одбор кој е составен од претставници од граѓанските организации од Македонија.
Социо-културните настани, како дел од форумот, ќе бидат базирани на сопствената креативност на граѓанските организации и ќе значат промоција на културното наследство и вредности.
Форумот овозможува претставување на учесниците преку изложбен простор (штандови, постери и аудио-визуелни презентации). Во рамките на изложбениот дел ќе се одвои простор за презентација на субјекти од деловниот сектор коишто значително соработуваат со граѓанските организации.
Влезот за посетителите на НВО Саемот – 3 форум на граѓанското општетство во Македонија е слободен.
nvosaem@mcms.org.mk
www.gragansksvet.org.mk и www.mango.org.mk |