Во организација на Сојузот на здруженијата на пензионерите


Одржани 10-тите републички спортски пензионерски натпревари
 
Традиционално и оваа година, по десетти пат, во октомври, во Велес покрај
езерото Мла­дост, се одржаа Републичките пензионерски спортски натпревари, чиј организатор е Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија (СЗПМ), а покровител претседателот на Владата на Република Македонија, Владо Бучковски. На финалните натпревари учествуваа 299 на­т­пре­ва­рувачи од 33 здруженија на пензионери. Интересни спортски борби се водеа во тегнење јаже, шах, домино, стре­лаш­тво, пикадо и др. Игрите ги прогласи за отворени премиерот Владо Бучковски, а прием им приреди градоначалникот на Ве­лес, Аце Коцевски.  “Со спортувањето пензионерите се ре­кре­и­раат, се релаксираат, се дружат, об­но­ву­вај­ќи го старото пријателство и создавајќи нови пријатели. При игрите, тие меѓусебно се информираат за пензионерските проблеми и прашања”, ни рече Андон Марковски, потпретседател на Извршниот одбор на СЗПМ.               

Г.Ш.