ИЗВоР на хуманизам толеранција I
Волонтери
По шестмесечно собирање податоци и обработка на добиените резултати, Работната група на Иницијативата за законско регулирање на статусот на волонтерите во Србија - Иницијативата ИЗВоР, ја подготви брошурата во којашто се наведени резулаттите добиени од работилниците каде учествувале волонтери од различни организации, како и резултите добиени врз основа на обработените прашалници што ги пополнувале претставниците на невладините организации од целата држава. Бидејќи влијанието на волонтеризмот се смета за најважен во локалната заедница, во брошурата се содржани и резултатите од фокус-групите од седум градови од Војводина, кои ги претставуваат ставовите на претставниците на локалната заедница, односно на институциите на локалните заедници во однос на ова прашање. Брошурата им беше достапна и на посетителите на минатогодишниот НВО Саем во Скопје.
Во функција на завршување на собирањето на податоците, Работната група ИЗВоР на 21 јуни 2005 во Нови Сад ја организира конференцијата “Статус на волонтерите во Србија” на којашто присуствуваа повеќе од педесет претставници на невладините организации од цела Србија, претставници на покраинските секретаријати на АП Војводина, на Националната служба за вработување, на центрите за социјална работа и донаторите: Американската фондација за развој (АДФ) и Меѓународниот центар за непрофитно право (ИЦНЛ) од Будимпешта. Резултатите од Конференцијата се изнесените предлози за оформување дефиниции, права и обврски, што би требало да ги содржи идниот текст на предлог нацрт-законот за волонтерска работа.
Резултатите добиени во процесот на собирање податоци се сметаат за клучни во подоцнежната работа на изработка на нацрт-законот за волонтерската работа и треба да придонесат за правно уредување на статусот на волонтерите во Србија и усогласување на правната регулатива со стандардите на Европската Унија, што и е првобитната цел на ИЗВоР.
Сеопфатното испитување на ставовите за волонтерската работа, за положбата на волонтерите и нивните потреби, правата и обврските во Србија, покажува дека волонтерската работа не е доволно застапена, дека постои голема потреба од неа и дека сите учесници во процесот на прибирање податоци се согласуваат дека не постои добра правна рамка за ангажирање и заштита на волонтерите. Потреби за донесување на законот којшто би ја регулирал положбата на волонтерите се смета за повеќе од очигледна. Тоа додатно го потврдуваат и проблемите со коишто се судира невладиниот сектор во Србија при (не)ангажирање на волонтерите и (не)соработката меѓу невладините организации и другите актери во локалната заедница; односот на заедниците (институциите и јавноста) кон волонтерската работа; условите во коишто работат волонтерите; управувањето со волонтерската работа, мотивацијата и вреднувањето на волонтерската работа; и, на крајот, непостоењето адекватна законска регулатива.
Сите учесници во процесот на прибирање податоци се согласуваат дека во рамките на законот треба јасно да биде дефинирана волонтерската работа. Во рамките на процесот на прибирање податоци, добиени се многубројни предлози за дефинирање на волонтерската работа, од страна на волонтерите. На претставниците на невладините организации, на претставниците на локалната заедница. ИЗВоР заклучува дека дефиницијата на волонтерската работа треба да содржи некои од наведените клучни зборови добиени во предлозите: доброволна работа, работа без надомест, општественокорисна работа, хуманост, во слободно време, а се предлага и во дефиницијата за волонтерската работа да стои дека тоа е организирана работа, совесна, која трае во одредено време. Резултатите добиени од фокус-групите дополнително говорат дека дефиницијата на волонтерската работа ги исклучува: неплатените приправници чиј статус е уреден со Законот за работа и со статус на понудувачи на услуги по основа на семејните и други прописи.
Заедничкиот став на сите учесници во проектот е дека постои голема корист од волонтерската работа, како за поединците, така и за заедницата. Се истакнуваат два аспекта од корист за волонтерската работа: материјалниот (економската добивка на локалната заедница од волонтерската работа во смисла на заштеда) и нематеријалниот. Како нематеријален аспект на добивка се наведува: развивањето на граѓанската свест и едукација на граѓаните, особено на младите; самоорганизирањето на граѓаните, похумано и подобро општество, растоварувањето на институциите и корист на самите волонтери низ задоволување на личните потреби. На основа на ова е заклучено дека волонтерската работа е интерактивен процес којшто придонесува за взаемна корист на сите граѓани и на општеството во целина.
Особено е нагласен заклучокот дека со волонтерска работа можат да се занимаваат сите, зависно од своите знаења, способности, компетенции и интересирања. За сето тоа, се разбира, се клучни мотивите што укажуваат на занимавање со волонтерската работа. Добиените резулатати покажуваат дека мотивите за волонтерската работа можат да бидат различни, но дека можат да се поделат на две категории: мотиви врзани за задоволување на сопствените потреби (мотивација во врска со работата и образованието, приватните и личните аспекти и личниот вредносен систем); мотиви свртени кон надвор, односно кон другите во заедницата (мотивација во врска со граѓанската свест и придонесот кон општеството и заедницата, мотивација од хуман, алтруистички карактер и мотивација во врска со општествениот вредносен систем).
Резултатите покажуваат дека законот за волонтерска работа треба да содржи: јасна дефиниција на волонтерот и волонтерската работа; да ги специфицира органи
|
|