ЕУ Македонија притиска за порано започнување на преговорите за членство во ЕУ
Македонскиот премиер Никола Груевски во текот на септември во Брисел изјави дека неговата влада се надева дека ЕУ следната година ќе даде датум за балканската држава да ги започне преговорите за придружување на блокот.
По разговорите, Груевски зборуваше со комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, во Брисел. Комесарот беше воздржан од посочувањето на 2007 година како почетен датум за преговорите, но изјави дека Македонија с$ уште треба да спроведе реформи и да ја зголеми политичката стабилност. Груевски дојде на власт по изборите во јули. За повеќе информации, посетете ја http://www.rferl.org/featuresarticle/2006/9/E5CA1F39-BAF3-4764-92F1-665A3182BE05.html
Оглас за работа Аналитика – можност за стажирање во Македонија Аналитика (www.analsticamk.org), експертска група во Македонија, бара стажанти (неплатени). Обврските вклучуваат, но не се ограничени на: поддржување на директорот на Аналитика во неговата агенда за политиката на истражување, како и поддршка на останатиот персонал на Аналитика во управувањето со иницијативите на експертската група.
Од апликантите се очекува да бидат универзитетски студенти или дипломирани, се претпочита интерес за студии на ЕУ. Исто така тие треба да бидат заинтересирани и за политика на истражување. Се бара одлично познавање на англискиот јазик. За повеќе информации: http://www.analyticamk.org, http://www.eurobrussels.com/eb_link_frame.php?link=http://www.analyticamk.org/vacancies.asp.
(З.В.)
Работилница Жените и истражување на родот на Универзитетот во Луксембург На Третата меѓународна и интердисциплинарна работилница на темата „Жените и истражување на родот на Универзитетот во Луксембур”, која од 30 ноември до 1 декември 2006 ќе се одржи во Луксембург, ќе биде дискутирано и за: родовите односи како резултат на социјалните конструкции; промени во текот на времето; различни и слични групи на родови односи помеѓу групи од различна возраст, социо-економски статус, етничко потекло и сексуална ориентација; родови политики; важноста на образованието, социјализација и обука; нормативни ориентации поврзани со градењето родови односи; алтернативни и иновативни форми на вонбрачно живеење на половите; секојдневно однесување на жените, на мажите и на сите други во однос на градењето демократски и солидарни структури и прашања околу усогласување на работата и приватноста. Научници се поканети да ги презентираат своите истражувачки проекти, како и своите резултати и одговори на фундаментални прашања во областа на жените и родовото истражување на заинтересираната и специјализирана публика. Кратки извадоци треба да се испратат најдоцна до 9 октомври 2006 до: Dr. Christel Baltes-Lohr: christel.baltes-loehr@uni.lu. За повеќе информации, посетете ја http://www.mvzt.gov.si/fileadmin/mvzt.gov.si/pageuploads/pdf/znanost/call_papers_eng_fin.pdf.
ШЗ.В.Ќ
Обука Прашања околу човековите права
Нетворк мигрејшн во Европа организира мултинационален младински форум „Обука за прашања околу човечките права”, за студенти и мултипликатори кои имаат активен интерес за образование за човечки права во контекст на миграција.
Семинарот којшто ќе се одржи од 22 до 26 ноември во Берлин особено се фокусира на прашања околу (присилена) миграцијата во Европа пред 1989 година и новиот развој по падот на комунистичкиот режим во деведесеттите до денес.
Рокот за пријавување е 31 октомври. За повеќе информации, посетете ја: www.network-migration.org.
(З.В.)
|
|