25 февруари
Анкета за малолетничка проституција
Здружението на жените "Престиж" од Битола ќе организира јавно анкетирање на ученици од средните училишта во Битола во врска со проблемот на малолетничката проституција. Целта на оваа анкета е да се добијат сознанија за свеста на младите во врска со овој проблем кои ќе послужат за подобра насоченост при изработката на проекти од оваа област.
|