Свети Николе
За подобро здравје на жените
Организацијата на жените на општината Свети Николе, во рамките на проектот „Подобрување на положбата на жените”, финансиран од Шведската фондација „Квина тил квинна”, во текот на октомври се вклучи во меѓународната кампања за борба против ракот на дојката. Членките на групата на жените заболени од малигни заболувања изработија розови машнички и истите беа поделени на жените во општината. Заедно со машничките на жените им беа дистрибиурани и брошурите за борба против ракот кај жените.
По повод 20 Октомври, меѓународниот ден за борба против остеопорозата, на 27 октомври се одржа и трибина под наслов „Остеопорозата кај жените”, со презентација на на д-р Снежана Марковиќ-Темелковска, претседателка на Македонското здружение за остетопороза. Присутните 60-тина жени се запознаа со опасностите кои ги носи ова заболување, начинот за рано дијагностицирање и заштита и начините за лекување. Покрај предавањето, за 42 жени беше организиран медицински преглед за дијагностицирање на остеопороза.
К.Б.
|
|