Коментар
И македонските граѓани можат да бидат оптимистиОва го покажува најновиот извештај за навремено предупредување на УНДП, кој со големо внимание на крајот од јуни беше проследен од медиумите во земјава. Истражувањето е спроведено од страна на „Брима галуп”, во периодот од 30 март до 4 април годинава, преку испитување по пат на репрезентативен примерок на 1.057 испитаници (821 Македонци и претставници на другите етнички заедници и 236 Албанци), од кои дури 45,3 испитаници биле оптимисти во однос правецот по кој се движи Македонија. Резултатите покажале и дека од 2006 година пораснала довербата на граѓаните во безбедносните институции на државата. |  |
|