Фондација за развој на Локалната заедница - Штип
Воведување на концептот Фондација на заедницата
Фондацијата за развој на Локалната заедница – Штип, преку својата програма за филантропија, започна со реализацијата на проектот „Воведување на концептот Фондација на заедницата”.
„Главна цел ни е да покажеме дека не треба да ги чекаме само странските донатори, треба и сами да придонесеме за да ги решиме проблемите на заедницата”, изјави Борис Шарковски, програмски директор во Фондацијата. Според него, бизнисмените, граѓаните и локалните власти сите ќе може да бидат вклучени и да донираат средства за да се решаваат приоритетните локални проблеми. „Засега имаме само две програми за заштита на животната средина и фонд за деца и млади, но отворени сме за и за други идеи”, истакна Виолета Ничева, програмски асистент во Фондацијата
Првиот проект што веќе го реализираат преку Фондот за деца и млади е продажбата на новогодишни честитки изработени од деца од 3 до 5 години од детската градинка „Астибо”. „Собраните пари ќе се дадат во Детското одделение во Штип. Во соработка со болницата, направивме листа на приоритети на сето она што му е потребно на ова одделение и зависно од тоа како ќе пристигнуваат средствата, ќе ги решаваме проблемите”, додаде Шарковски.
МИА
|
|