донатори
Меѓународна фондација Борис Трајковски
Меѓународната фондација Борис Трајковски е формирана пролетта 2004 год., со цел да го продолжи делото што го остави во наследство покојниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски. Мисијата на фондацијата, во Македонија и пошироко, е да промовира „четири основни принципи: мир и помирување, квалитетно образование, принципи на слободна пазарна економија, граѓанско општество и добро владеење”.
Фондацијата според својот обем и мисија дејствува локално, регионално и меѓународно, отсликувајки го динамичниот карактер на Борис Трајковски, како и неговото широко визионерство. Основните цели и задачи на Фондацијата вклучуваат промовирање на мирот, помирување и разбирање; промовирање на високо квалитетен образовен систем за македонските деца и младите луѓе и нивна подобра подготвеност за да ја понесат иднината на својата земја; помагање на целата популација во Македонија, особено на ранливите групи, промовирајќи ги принципите на слободна пазарна економија и работа за пристоен живот и напредок за сите; промовирање на граѓанското општество и добро владеење преку зголемување на отвореноста, транспарентноста, искреноста и поттикнување и поддршка на граѓанскиот сектор.
Активностите на фондацијата ги опфаќаат „Дијалог меѓу цивилизациите” во соработка со УНЕСКО, издавање книги и стипендирање. Особено значајно место и е дадено на имплементацијата на проектот за овозможување пристап до придобивките од информациско-комуникациските технологии (ИКТ) „Е-Македонија за сите”, и спроведување „Е-декларацијата”, која Собранието ја усвои во јули 2002 година. Адресата на Фондацијата е следната: Меѓународна фондација Борис Трајковски, ул. Васил Ѓоргов бр. 34/2А, МК- 1000 Скопје, Република Македонија (инфоЖбористрајковски.орг). За повеќе информации посетете го веб-сајтот на фондацијата њњњ.бористрајковски.орг, кој, меѓу другото, ви нуди и информации за животот и делото на Трајковски (биографија, говори, цитати, фотогалерии).
Д.М
|