Проект на Младинската алијанса Тетово и на ОХО

Во Тетово отворени канцеларии за борба против корупцијата

Невладината организација Младинска алијанса од Тетово, во соработка со граѓанската организација ОХО – Скопје, на 17 декември во Тетово го претстави новиот проект за борба против корупцијата.

Целта на новоформираните општински центри за борба против корупцијата кои беа промовирани во Тетово е советување за заштита од корупцијата на локално ниво, информирање и едукација на граѓаните и на локалните субјети. Целни групи кои ќе можат да побараат совети ќе бидат категории граѓани и локални субјекти кои немаат можност да добијат такви совети на друг начин и немаат доволно информации за корупцијата.

Со проектот „Општински антикорупциски центри”, покрај во Тетово , канцеларии за борба против корупцијата ќе бидат отворени и во Куманово и во Кавадарци.

Центрите ќе бидат отворени до крајот на годинава, а ќе функционираат десет месеци. Проектот го спроведува Младинската алијанса од Тетово, во соработка со граѓанската организација ОХО – Скопје, а финансиски е поддржан од Германскиот Маршал фонд.

МИА