Публикации
“Отвореност и молчење”
Во издание на ЗГ ПРО МЕДИА, а со финансиска поддршка на Иницијатива за правда при Отворено општество (ИПОО) од Будимпешта и ФИООМ, на крајот од минатата година беше промовирана книгата „Отвореност и молчење”. Изданието е на македонски и на албански јазик и претставува извештај од анализата на законите и извештај од набљудувањето на практиките на пристапот до информации во 14 земји, од Европа, од Јужна Америка и од Африка
За тебе
Здружението за борба против малигните заболувања „Нов живот” од Штип, во соработка со Младинскиот клуб Штип, ја издаде брошурата ЗА ТЕБЕ во која се содржани најважните информации за превентива од рак на матката.
Брошурата финансиски ја поддржаа ФИООМ и Швајцарската агенција за развој и соработка.
|