АРКТИК

Извештај за влијанието на климата врз “големиот мраз”

Меѓународна група научници заврши неколкугодишна обем­на работа – неодамна го промовира изготвениот из­веш­тај за процена на влијанието на климатските про­ме­ни врз Арктикот. Резултатите покажуваат неповолна состојба – големиот мраз се позабрзано се топи.

Научната процена за причините на оваа појава, која е потврдена уште пред неколку години, со различните на­учни истражувања, е дека главен причинител за то­пењето на “големиот мраз” се токму ефектите на појавата наре­че­на “стаклена градина” – поради зго­ле­мената еми­си­ја на од­редена група индустриски гасови, во земјината атмосфе­ра се создава гасовит слој кој ја пропушта сончевата топли­на, но не дозволува топлината да се одбива од по­вр­ши­ната, односно земјата да се лади – слично на ефектот на ста­кле­ните бавчи, по кој е на­ре­че­на. Процената е ако се про­дол­жи со овој тренд на загадување, до крајот на овој век Арктикот, ка­ко и дел од Гренланд, сосема ќе се истопат што ќе предизвика огром­ни штетни последици за це­ла­та планета.

М.И.