МАКЕДОНСКО-ГЕРМАНСКО СТОПАНСКО ЗДРУЖЕНИЕ

Каталог 2002

Македонско-германското стопанско здружение – ДМВВ, во соработка со Претставништвото на германското стопанство во Македонија – ДИХК, го издаде Каталогот на членовите на Македонско-германското стопанско здружение, во кој се претставени над 130 членови – организации, форми или институции од Македонија. Целта на оваа публикација, испечатена на македонски и на германски јазик, е да ги запознае германските стопански субјекти со оние во Македонија и да отвори нови можности за контакти и партнерства.