ЦЕНТАРОТ РОШ ВО ШУТО ОРИЗАРИ
Почна да работи бегалскиот комитет
Во рамките на Меѓународниот едукативен центар РОШ во скопската населба Шуто Оризари, кон крајот на јануари почна да работи Бегалскиот комитет, составен од бегалци Роми, Ашкали и Египќани од камповите во Шуто Оризари и во Катланово.
Бегалскиот комитет е оформен со посредство на здруженијата "Дром" и "АРКА - Помош", а главен финансиер е ОСЦЕ ОДХИР од Варшава, во соработка со УНХЦР, Мисијата на ОСЦЕ во Македонија и општината Шуто Оризари.
Целта на овој бегалски комитет е да им дава помош и информации на бегалците, да ја поттикнува работата со локалната самоуправа, да координира активности кои ќе значат вклучување на децата бегалци во редовното образование, да бара правно застапување на човековите права на бегалците, и друго.
Бегалскиот комитет ќе функционира секој работен ден, од 9 до 16 часот.
М.И.
|