ФИООМ

НВО Конгрес 2002

Фондацијата Институт от­во­­рено општество – Ма­­ке­донија ја издаде книгата “НВО Конгрес 2002”, која претставува завршна публикација на проектот што се спроведе минатата година и кој имаше цел да даде согледувања, ана­лиза и препораки на НВО и на единиците на локалната самоуправа за локалниот и за регионалниот развој на Република Македонија.

НВО Конгресот беше спроведен во соработка помеѓу ФИООМ и Меѓународниот совет на НВО, а финансиски го поддржаа ФИООМ, Високиот комесаријат за бегалци на ООН – УНХЦР и Католичките служби за помош - ЦРС. Проектот беше спроведен во целата држава, а се работеше во седум региони.