Елфаско

Информации за студентскиот живот и други нешта

Студентите на Електротехничкиот факултет во Скопје, покрај печатеното списание “Елфаско”, изготвуваат и веб-страница: www.elfasko.org.mk.

На оваа страница се пренесуваат информации за студентскиот живот, како и за новостите поврзани со студирањето, но многу повеќе од тоа – за културниот живот (музика, филм), како и некои „откачени“ теми. Веб-страницата е финансиски поддржана од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија.