Менторството и граѓанските организации

Во Македонија менторските можности се неискористени II
 

Во Р. Македонија едукативното или академското менторство е планирано на факултетите, но во пракса е прифатено да се применува само при изработката на дипломска работа.

Менторството во кариерниот развој како систем е најкарактеристичен во училиштата во Р. Македонија. Таму функционира при работното воведување на младите наставници и официјално завршува со положувањето на приправничкиот испит од страна на менторираниот.

И академското и менторството во кариерниот развој понекогаш прераснуваат во менторства за личниот развој на поединецот и траат цел живот. Вакви случаи има и во нашите универзитети, училишта, фабрики, претпријатија и други установи.

Во граѓанскиот сектор во Р. Македонија менторирањето не е многу застапено. Иако има одредени обиди во одделни граѓански здруженија да се користат елементи на менторство во работата, посебно при вклучувањето нови членови во организацијата, сепак на можеме да зборуваме за менторство како структурирана форма на размена на знаења, вештини и искуства.

Во САД постојат примери на посебни програми за промоција на менторството. Некои од нив прераснале во меѓународни програми.

Програмата Постар брат/постара сестра (Биг бротхер/Биг систер) обезбедува квалитетен волонтерски сервис во поддршка на децата и младите луѓе да станат одговорни мажи и жени, членови на општествената заедница. Тоа е национална организација чија работа се базира на релација помеѓу две личности, возрасен волонтер (ментор) и маргинализирано дете или младинец (менториран) кое најчесто доаѓа од семејство со еден родител. Програмата Постар брат/постара сестра - Америка има 495 агенции лоцирани насекаде во земјата. Преку оваа програма огромен број деца и млади им се нуди позитивен модел на возрасна личност што им помага во нивниот развој и во унапредување на нивниот живот. Сите волонтери, пред да се вклучат во програмата, поминуваат низ процс на селекција и постојано се набљудувани и поддржувани од стручни лица.

Програмата Илјада црни луѓе започнала да се спроведува во 1963 година и во неа се вклучени луѓе од бизнис-секторот, индустријата, јавните претпријатија, владата и други кои споделуваат иста цел: да се унапреди животот на Афроамериканците и останатите малцинства во САД. Главна компонента во оваа непрофитна организација е менторската програма која обезбедува поддршка и позитивни модели за младите припадници на малцинските групи во САД. Програмата главно се спроведува во средните училишта каде што секој ученик, вклучен во програмата, има свој ментор, човек кој е успешен во својата професија.

Истражувањата во САД покажуваат дека програмите во кои како компонента било застапено менторството водат до позитивни ефекти и влијанија во општествената заедница, а посебно кога било применувано менторството “човек на човек”.

Кај нас има многу неискористени можности за пренесување знаења и искуства, меѓу кои е и менторството. Многу позитивни ефекти, како на пример подобри резултати во образовниот процес, полесно совладување на пречките на работното место и професионален и личен развој на поединецот во организацијата, поголема вклученост на маргинализираните групи граѓани во општеството и други можности се неискористени како резултат на немањето соодветни менторски програми.

Граѓанските зруженија, како пофлексибилни организации, за разлика од производствените и трговските претпријатија и државните институции, би требало да ја разгледаат оваа можност за развој на човечките капацитети што би водело до многу позитивни ефекти во Р. Македонија.

 

Лилјана Алчева-Јовановска
обучувач/соработник на проекти во МЦМС

 

поимник

 

Инструкторство(“Цоацхинг”) е систем за развој на персоналот во организацијата, што му возможува на поединецот да учи низ процес на истражување, преку дискусии и сопствено искуство.

Инструкторството е учење “еден на еден” (инструктор и обучуван) што ги опфаќа следниве активности: со­ветување, водење низ процесот на работа, употребување примери и илустрации, структурирано искус­твено учење, планирање на специфчни работни задачи, рабо­тење на друго работно место, членување во тимови, насочување за читање, студиски посети, про­ценка на перформансите и сл.

Инструкторството може да се користи кога:

4потребите за учење се јасно дефинирани;

4целите на обуката се јасно специфицирани;

4обучуваниот е силно мо­ти­ви­ран;

4потребни се брзи и ефикасни ре­зул­тати од обуката.