Отворете ги прозорците
Пристапна информатичка технологија за шест центри
Здружението „Отворете ги прозорците”, на 27 јуни 2007 година, на прес-конференцијата што се одржа во Дневниот центар за децата со церебрална парализа, ги презентира активностите од проектот „Отстранување бариери, создавање еднакви можности”.
Во рамките на овој проект, „Отворете ги прозорците” ќе опреми шест организации кои работат со лица со хендикеп, и тоа: Здружението на студентите и младинците со хендикеп, Здружението на инвалидите „Шпреса”, Центарот за помош на лицата со ментален хендикеп „Порака” од Неготино, Дневниот центар за децата со посебни потреби од Прилеп, Дневниот центар за децата со посебни потреби од Гостивар и Дневниот центар за лицата со церебрална парализа од Скопје.
Организациите ќе обезбедат просторија за одвивање на компјутерските активности, а интернет-поврзувањето ќе биде бесплатно, обезбедено од Он.нет, за период од 1 година.
Покрај опремата која се состои од приспособени уреди и софтвер, тимот на „Отворете ги прозорците” ќе реализира и обука за обучувачи за вработените во одбраните организации. Темите на обуката ќе се однесуваат на тоа како да ги користат приспособените уреди и софтверот, како и практично знаење како да ги приспособат компјутерите на потребите на лицата со хендикеп.
Проектот, освен Он.нет, го поддржа фондацијата Лорд Мишелхам (Лорд Мицхелхам) од Швајцарија и УСАИД (УСАИД).
Г.Ј.
|