Јубилеј на ЗЖ “Бисера” од Охрид
Десет години години активно за женските прашања
Здружението на жените “Бисера” од Охрид на 26 февруари годинава одбележа значаен јубилеј - десет години од своето основање. Јубилејот беше одбележан со свечено собрание, кое се одржа во зградата на општината Охрид, со присуство на повеќе од 200 гости – пратенички во Собранието на РМ, членови на Советот на општина Охрид, граѓански организации од Македонија и од Бугарија, кандидатите за градоначалник на Охрид, како и обични граѓани.
“Десетгодишната активна и плодна волонтерска работа на ‘Бисера’ е јубилеј во време на предизвици, прифаќања и напредок. Јубилејот претставува заокружување на еден успешен период на храбар почеток, работење, радост и идни планови. Тоа е период од 10 години од напуштање на старите сфаќања и погледи, учење и градење нови патишта, процес на создавање нови нивоа на свеста. Горди сме што одиме во чекор со промените во општеството. Како женска граѓанска организација, се вклучивме во градењето и развојот на новата култура на мирот во третиот милениум, без предрасуди и рушење на бариерите кои постојат меѓу нас, а коишто ни се наметнуваат, нови можности за менливост и развој на новиот дух на современата жена која може да оди толку далеку колку што & дозволуваат нејзините можности и верувањето во себе”, истакна Силвија Попоска, секраетар на ЗЖ Бисера.
Како граѓанска организација, ЗЖ “Бисера” 10 години активно дејствува во повеќе сфери на општествено-политичкиот, културниот и хуманитарниот живот во општина Охрид и пошироко, во интерес на граѓаните, преку волонтерска ангажираност и ентузијазам на членството.
“Бисера” на свеченото собрание им додели признанија, благодарници и пофалници на организации и лица коишто го помагале и поддржувале здружението во текот на десетгодишното работење и зајакнување на локално, на национално и на меѓународно ниво.
Здружението на жените “Бисера” се наоѓа на адресата ул. “Димитар Влахов” бр. 8 во Охрид. Претседателка е Нада Мартиноска, контакт на тел. 046/264-469, или по електронски пат на бисера1Жмт.нет.мк. Д.М.
|