Избор: РОМИТЕ ВО ЕВРОПА
Загриженост заради депортацијата на Ромите
Декларација од Конференцијата: „Ромите и Пактот за стабилност за Југоисточна Европа, средба за оценка на проектот на ОХИХР „Мејнстриминг“, оспособување и вмрежување на ромските заедници како полноправни учесници во посткризниот менаџмент, доброто владеење и развојот на одржливо граѓанско општество во Југоисточна Европа.“
6-9 февруари, 2003 Долупотпишаните учесници на конференцијата од ромска и неромска националност, вклучувајќи претставници од Собранието на Република Македонија; Министерството за јавни информации на Романија; Претседателството на Косовското собрание; Општината Шуто Оризари, Македонија; Канцеларијата за демократски институции и човекови права на Организацијата за безбедност и соработка во Европа; Европскиот центар за права на Ромите; ЦРС; Ромско срце; Национален конгрес на Ромите; Друштво на младите Роми - истражувачи; Ромскиот центар „Арка“; Друштво на жените - Ромки „За нашите деца“, Друштво на Ромите „Есма“, Меѓународна унија на Ромите; Амаралис; Балканска унија на Египќаните; Авен Аменца; Романи ЦРИСС; Општински центар на Ромите „Дром - Куманово“, како и други претставници на владините и невладините агенции и други домашни и меѓународни невладини организации одлучија за следното: Постои длабока загриженост поради фактот што во последните месеци
- Германија депортира повеќе од 10.000 Роми во Србија и Црна Гора, вклучувајќи Роми од Косово кои биле жртви на етничкото чистење во покраината од 1999 па натаму;
- Во атмосфера на силно антиромско расположение, Франција и Романија влегоа во тесна соработка за да помогнат во таканаречената „доброволна репатријација“ на Ромите во Романија од Франција; во исто време, романските власти им забранија на Ромите да ја напуштат Романија, што претставува нарушување на нивните фундаментални човекови права;
- Велика Британија протера групи на чешки Роми пред камери и медиуми, очигледно во обид да ги понижи и да заплаши и одврати други Роми кои евентулно би дошле во Британија;
- И останати, слични настани, сите дел од антимигрантската политика на Европа, длабоко заразена со антиромско расположение.
Учесниците на конференцијата:
- Го потврдија принципот дека миграцијата е факт; политиките кои ја дефинираат миграцијата како проблем директно водат кон понижување на милиони луѓе и навредуваат сечии претци;
- Недвосмислено ги осудуваат како фундаментално деградирачки за сите Роми, тековните политики и акции на европските влади кои имаат за цел да ги присилат Ромите кон централна, источна и југоисточна Европа и се заразени со антиромско расположение;
- Искажуваат длабока загриженост дека владините политики насочени кон присилување на Ромите кон централна, источна и југоисточна Европа се кородирани и корумпирани со проклетството на расизам на европските општества и намерно и безосетно ја зголемуваат заканата од сериозно нарушување на човековите права на Ромите, спротивно на меѓународното право и основните европски вредности;
- Ги повикуваат западноевропските влади да запрат веднаш со систематското протерување на Ромите од западна Европа и да обезбедат: (I) сурогат-заштита, загарантирана со Конвенцијата за статусот на бегалците од 1951 („Женевска конвенција“ 1951), за сите Роми кои одлучиле да бидат бегалци; (II) сеопфатна политика за интегрирање на Ромите во заедниците во кои живеат.
1. Рудко Кавцински (Национален конгрес на Ромите) 2. Флорин Чоаба (Меѓународна унија на Ромите) 3. Летиција Марк (Друштво на жените-Ромки „За нашите деца“) 4. Надица Балог (Ромско срце - Хрватска) 5.Радмила Зачировиќ (У.Р. Амарилис) 6. Том Вилсон (Романи ЦРИСС) 7. Руд Фенк 8. Брахим Мусиќ (Тернинано берно - Франција) 9. Виктор Фамулсон (Меѓународна унија на Ромите) 10. Василе Буртеа 11. Кипријан Меале 12. Зенељ Бериша 13. Рубин Земон (Балканска унија на Египќаните) 14. Хаксхи Зулфи Мерксха (Претседателство на Косовското собрание) 15. Сејдо Јашаров 16. Ашмет Елезовски (Национален конгрес на Ромите) 17. Жељко Јовановиќ 18. Надире Селман (Друштво на Ромите „Есма“) 19. Клод Кан (Европски центар за правата на Ромите) 20. Мартин Демировски 21. Неждет Мустафа (Собрание на Република Македонија) 22. Живоин Митровиќ (Ромско срце) 23. Костел Беркус (Романи ЦРИСС) 24. Нора Костаке 25. Јелена Јовановиќ 26. Пелумб Фортуна 27. Ферхат Хасан 28. Ердуан Исеини (Општина Шуто Оризари, Македонија) 29. Данијала Антонишевиќ (Ромски женски центар „Срце“) 30. Мада Матаке (Романи ЦРИСС) 31. Рагалие Флореа 32. Логин Дина 33. Заинеа Стефан 34. Иван Ѓорѓе (Партида ромилор) 35. Николае Ѓорѓе
Европскиот центар за правата на Ромите е меѓунродна правна организација од јавен интерес која ги набљудува правата на Ромите и правно ги застапува во случаи на нарушување на човековите права. За повеќе информации во врска со Европскиот центар за права на Ромите, посетете го ЕЦПР на интернет на www.errc.org .
European Roma Rights Centar 1386 Budapest 62 P.O. Box 906/93 Hungary
Телефон: +36 1 4132200 Факс: +36 1 4132201
Поддржете го ЕЦПР Европскиот центар за правата на Ромите зависи од широкоградоста на поединечните донатори за неговото понатамошно постоење. Ако верувате дека ЕЦПР извршува вредни услуги за јавноста, ве молиме придружете ни се со ваш прилог во обезбедувањето на неговата иднина. Подароци од секаков вид се добредојдени; се преферира банковен трансфер. Ве молиме испратете го вашиот придонес на адресата:
European Roma Rights Centar Budapest Bank Rt. 99P00402686 1054 Budapest Bathory utca 1 Hungary |