Босна и Херцеговина
Владите во БиХ не водат сметка за граѓаните
„Владите во БиХ не водат сметка за граѓаните! Државната влада и ентитетските влади усвоиле само 3,3% од мерките кои систематски можат да придонесат за прашањата на граѓаните во БиХ”, е став на Центарот за цивилни иницијативи (ЦЦИ). Оваа граѓанска организација го презентирала полугодишниот извештај за работата на државните и ентитетските законодавни и извршни власти, од кој произлегува дека се игнорирани најважните прашања од Граѓанската платформа.
Истакнато е дека Советот на министрите на БиХ, Владата на БиХ и Владата на РС усвоиле само 3,3% од мерките кои систематски можат да придонесат за решавање на најважните прашања од овој документ, кој го поддржале 500.000 граѓани. Од 1.430 точки на дневниот ред, кои овие три институции ги разгледувале на 54-тата редовна седница, само 1,3% од нив можат да придонесат систематски да се решат прашањата, како што се невработеноста, сиромаштијата и минималните пензии.
Спрема планот за работа на двата дома на Парламентот на БиХ, би требало да бидат усвоени 67 закони, а досега се усвоени само седум, што значи дека ефикасноста на Парламентот на БиХ е нешто повеќе од десет отсто. Состојбата во Парламентот на БиХ е нешто посложена. Од 20 планирани закони, само два поминале низ парламентарната процедура. Ефикасноста на ова тело е пет-шест отсто.
Г.Ш.
извор: Онењорлд
|
|