Повик за протест
Не, за вклучувањето на Македонија во изградбата на нуклеарката Белене
Еко-свест, со поддршка од Фронт 21/42, во средината на ноември ги повикаа сите здруженија на граѓани и сите граѓани коишто се против проширувањето на нуклеарната индустрија на Балканот -
Како сериозна пречка за одржливиот развој и безбедноста на регионот, да ја поддржат нивната иницијатива за протест и да се здружат во формирање заеднички став против вклучувањето на Македонија во изградбата на новата нуклеарна централа Белене во Бугарија. Во повикот “БелеНЕ?” потенцираа дека : БелеНЕ се гради на сеизмички активно подрачје!; дека македонската јавност беше исклучена од задолжителниот процес на јавните расправи пред донесувањето на одлуката за изградба на оваа нуклеарка, со што на македонските граѓани им беа ускратени правата загарантирани со конвенцијата Еспо. И покрај зголемените сигурносни мерки, безбедноста на нуклеарните реактори никогаш не е загарантирана; нуклеарниот отпад останува радиоактивен најмалку во следните 240.000 години; нуклеарните централи и подвижниот нуклеарен отпад се можни цели на терористички акции; нуклеарната енергија е економски неисплатлива; Македонија располага со големи потенцијали на обновливи видови енергија којашто се без последици по животната средина, безбедноста на луѓето и економијата” -стои во повикот за протест. Повеќе информации на електронската адреса: инфо Жекосвест.цом.мк <маилто:инфоЖекосвест.цом.мк>
К.Б.
|