КАЛЕНДАР
 
 
8 март
 
Дебата за женските права
По повод денот на жените, во скопскиот хотел "Холидеј-ин" во девет часот ќе започне отворена дебата организирана од неколку здруженија на жени и Министерството за труд и социјална политика, а во соработка со ОБСЕ, Советот на Европа и амбасадите на Норвешка и Канада.
На дебатата ќе се зборува за насилството врз жените, сиромаштијата и вклучувањето на жената во политиката.
 
 
13 март
 
Промоција на преглед на законска регулатива

Македонската интеретничка асоцијација – МИА, ќе одржи промоција на прегледот на законската регулатива што се однесува на хендикепираните лица во Република Македонија. Ќе биде даден и преглед на странската легислатива, меѓународните конвенции, а ќе бидат промовирани и спот и џингл изработени од продукцијата К-15, како и брошурата за хендикепирани лица што ќе биде дистрибуирана преку дневниот печат.
 
 
14 март 
Презентација на "Балкан-нет"
Здруженијата на граѓани од Македонија кои соработуваат во регионалниот проект „Балкан -нет” ќе организираат презентација на проектот во Клубот на пратениците, со почеток во 18 часот. Овој проект е инициран од грчкото здружение „Арктурос” од Солун, а во него учествуваат здруженија на граѓани од Грција, Македонија, Албанија, Бугарија и Југославија. Од Македонија, во проектот, чија основна цел е заштита на дивата фауна и нејзините хабитати на Балканот, учествуваат Друштвото на еколозите на Македонија, Новинарско-правниот енвиро центар ЕРИНА, Движењето на екологистите на Македонија, здружението „Молика”, Друштвото за заштита и проучување на птиците и Националниот форум за заштита на животните.
 
 
15-30 март 
Кампања за лицата со хендикеп

Во Дебар ќе се спроведе 15-дневна кампања за социјално вклучување на лицата со хендикеп. Кампањата ја организира локалниот тим за спроведување од Дебар, а координатор е Македонската интеретничка асоцијација. Во рамките на кампањата ќе се бараат конкретни промени во социјализацијата на хендикепираните лица, во соработка со локалната самоуправа.