Светската банка

Поддршка на борбата против домашното насилство врз жените

Една жена умира на секои девет дена во Уругвај како жртва на семејно насилство. Според најновите статистички податоци објавени од страна на „Надзор над насилството и криминалот” (Обсерваторио де Виоленциа ѕ Цриминалидад), процентот на пријавени случаи на семејно насилство пораснал за речиси 56% во текот на минатата година. Проблемот не е ограничен само на одредена старосна, класна, социјална или верска група. Жени бараат помош по 30 до 40 години брачен живот; други, пак, го пријавуваат насилството поттикнати од одреден настан или, пак, кога ќе почувствуваат дека ситуацијата во домот ги погодува и нивните деца. Во тој контекст, над 350 лица од 19 провинции во Уругвај биле присутни на завршната презентација во рамките на Програмата за обука против семејно насилство во Монтевидео, што е двојно повеќе од предвидениот капацитет на семинарот. Семинарот беше дел од проектот „Институционално јакнење на правдата за правичен развој”, кој доби грант од страна на Фондот за институционален развој (ИДФ) при Светската банка во висина од 300.000 американски долари.
Целта на проектот е постигнување консензуз за спроведување на клучните чекори кои ќе придонесат кон подобар пристап на жртвите до законодавството (правдата). На семинарот присуствувале судии, адвокати, јавни бранители, други правни субјекти, здравствени работници, наставници, социјални работници, претставници на законот, форензичари и претставници од граѓанското општество. Во текот на десетмесечниот курс, тие ги споделувале своите искуства по прашања поврзани со семејното насилство и ги усовршуваа начините за подобро координирани дејства. 
Извор: њорлдбанк.орг

Програма Болса

Промена на животите на милиони Бразилци

Дали социјалните политики можат да ја преминнат границата на „помош” и да станат активни алатки во социјалната (општествената) и економската трансформација? Примерот со Бразил ни дава потврден одговор на ова прашање. Програмата Болса фамилија (Болса Фамiлиа), која е технички и финансиски поддржана од страна на Светската банка, се наведува како една од клучните причини за значителните социјални резултати кои ги постигнува Бразил во последните неколку години. Програмата претставува иновативна социјална иницијатива на владата на Бразил,  а опфаќа 11 милиони семејства, над 46 милиони луѓе, што претставува мнозинство од социјално загрозеното население во земјата. Овој модел за првпат се појавил во Бразил пред повеќе од една деценија, а оттогаш наваму постојано се работи на неговото усовршување. Сиромашните семејства со деца добиваат месечна сума во висина од околу 35 американски долари во директен трансфер. А за возврат, тие се обврзуваат да ги праќаат децата на училиште, како и да ги поминат различните видови прегледи обезбедени од страна на здравствените служби во земјата. На тој начин, со програмата Болса фамилија се постигнуваат два важни резултати: се помага во намалувањето на моменталната сиромаштија, а семејствата се поттикнуваат да инвестираат во своите деца, на тој начин разбивајќи го кругот на пренесување на сиромаштијата од генерација на генерација, што во крајна линија би значело намалување на сиромаштијата и во иднина. 

Извор: њорлдбанк.орг



Либерија

Секс-скандал поврзан со дете бегалец

Високиот комесар за бегалци при Обединетите нации испрати детективски тим во бегалските кампови во западна Африка, по сознанијата дека голем број од децата бегалци се сексуално злоупотребувани од страна на хуманитарните работници кои работат во камповите. Сериозноста на проблемот откриен во прегледот на извештајот од страна на УНХЦР, заедно со британската хуманитарна организација Спасете ги децата (Саве тхе Цхилдрен), го изненади хуманитарниот персонал. Неиздадениот извештај, до чии податоци дојде Би-Би-Си (ББЦ), ги покрива Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја, а се базира на студија за чија цел биле интервјуирани над 1.500 испитаници во период од шест недели минатиот октомври и ноември. Одреден број од интервјуираните се пожалиле дека тие или нивните деца морале да имаат сексуални односи со вработените во камповите доколку сакале да добијат храна или некаква услуга.

Над 40 хуманитарни агенции, вклучително и самиот УНХЦР, се вмешани во скандалот, додека 67 поединци, претежно локален персонал, биле именувани од страна на децата. Некои малолетни девојчиња рекле дека во сексуалните дејства биле вмешани мировни работници од Обединетите нации кои работат во регионот на западна Африка.                                    

Преземено од Би-Би-Си